понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Од непозната вирусна пневмонија заразени 44 лица во Кина

Од непозната вирусна пневмонија заразени 44 лица во Кина

Кинеските власти започнаа истрага за непозната вирусна пневмонија од која се заразени 44 лица во градот Вухан, во централна Кина.

Од вкупниот број досега потврдени случаи, 11 се сметаат за тешки.

Сингапур и Хонгонг ги надгледуваат сите кои патуваат надвор од овие градови.

На социјалните мрежи се објавуваат вести дека вирусот може да биде поврзан со тешкиот акутен респираторен синдром Сарс.

Полицијата во Вухан соопшти дека осум лица се казнети за ширење лажни вести на Интернет.

Здравствената комисија, пак, соопшти дека ја испитува причината за појавата на болеста, а притоа како можни причини ги наведува грипот, птичјиот грип и респираторните заболувања.

Исто така наведено е дека болеста се пренесува преку личен контакт.