Според француските здравствени власти во земјата има над илјада потврдени случаи на заразени со Ковид-19, од кои 16 починаа- најмногу стари лица, со што Франција е меѓу земјите со најмногу заразени по Италија, јави дописникот на МИА.
Франција се уште се наоѓа во фазата два на претпазливост, но два француски департмани Оаз и Горна Рајна (Мулуз), каде жариштата на заразата се најголеми одлучија да ги затворат училиштата и детските градинки од утре во наредните 15 денови.
Најмногу погоден од вирусот е секторот на туризмот и делумно транспортот. Владата веќе деблокирала една третина од околу 52 милиони евра на проценети загуби.