недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Омикрон е регистриран во 110 земји

Омикрон е регистриран во 110 земји

Варијантата омикрон на коронавирусот досега е откриена во 110 земји, а поради брзината на ширење може да зададе значителен удар врз здравствените системи, иако е помалку опасна од варијантата делта, се вели во извештајот на Светска здравствена организација (СЗО).

– Во моментов, омикрон инфекцијата е регистрирана во само 110 земји во сите шест региони на СЗО, се вели во извештајот.

Се нагласува дека забрзаното пренесување на таа варијанта може да доведе до поголем притисок врз здравствените системи и да доведе до значителна смртност, пренесува Интерфакс.

СЗО вели дека влијанието на омикронот врз ранливите популации може да биде значајно, особено во земјите со ниски нивоа на вакцинација.

Во документот се додава дека, според прелиминарните податоци од епидемиолошките студии, омикрон има способност да го надмине имунолошкиот одговор на телото.

Исто така, се посочува дека постојните вакцини покажуваат значително намалување на ефикасноста против симптоматска инфекција со омикронската варијанта, што не беше забележано во случајот со варијантата делта.

СЗО забележува дека севкупниот ризик за оваа варијанта на коронавирус останува „многу висок“, со оглед на севкупната ситуација со пандемијата и способноста на омикронот брзо да се шири.