понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Опседнат бил со оружје: Убиецот кој денеска во Тексас уби 10 лица е Грк

Опседнат бил со оружје: Убиецот кој денеска во Тексас уби 10 лица е Грк

Убиецот од Санта Фе, кој денеска во пукање во училиште уби 10 лица и повеќе рани, идентификуван е како 17 годишно момче, Димитриос Пагорциз, соопштија официјалните лица во Тексас.

Шефот на одделението на школски полицајци, Волтер Барун потврдил дека во околинат на училиштето пронајдени се експлозивни направи од домашно производство, како што се молотов коктел, пеколни машини и цевкасти бомби.

Гуверенерот на Тексас Грег Абот, потврдил дкеа во нападот се користени два вида оружје: сачмарка и револвер калибар 38, двата нелегално поседувани. Тој додал дека Димитриос имал намера да сеубие, но се предомислил.

На профилите на Димитриос на социјалните мрежи се гледа дека бил опседнат со оружје, бидејќи поставувал фотографии од различно огнено оружеј. На една фотографија имал маица со натпис: Роден да убива.