Надлежните органи успеале да го решат проблемот со телекомуникациите пријавен низ цела Холандија, што имаше влијание врз работата на амбулантните и службите за вонредни ситуации.
Причината за проблемот се уште не е позната, но националниот оператор „Ројал КПН НВ” истакнува дека не е напад на хакери.
„Не веруваме дека причината за проблемот е хакерски напад и продолжуваме со постојана контрола на нашите системи”, се вели во соопштението на компанијата.
Националниот оператор соопшти дека имаат проблем со фиксната и мобилната телефонија.
Дефектот, што се појави пред 16 часот по локално време вчера, е најдолг во историјата на Холандија.
Портпаролката на Управата за безбедност и борба против тероризмот, Ана Постхумус, рече дека е премногу рано да се каже дека станува збор за хакерски напад.