понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОВА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ОПУШТАЊЕ: СЗО предупредува, еве што се случува со коронавирусот оваа есен!

ОВА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ОПУШТАЊЕ: СЗО предупредува, еве што се случува со коронавирусот оваа есен!

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја повика Европа да биде внимателна пред зимата поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот и сезонскиот грип.

„Ова не е време за опуштање“, рече регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге на онлајн прес-конференција.

На почетокот на есента, европскиот регион, кој опфаќа 53 земји повторно беше епицентар на епидемијата на коронавирусот, а во исто време беше забележана и сезонска инфекција со грип.

„Вакцинацијата останува една од нашите најефективни алатки против грип и коронавирусот“, рече Клуге.