сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОВИЕ 2 СИМПТОМИ ОТКРИВААТ ДЕКА СТЕ ЗАРАЗЕНИ СО ОМИКРОН: Еден има врска со ЖЕЛУДНИКОТ

ОВИЕ 2 СИМПТОМИ ОТКРИВААТ ДЕКА СТЕ ЗАРАЗЕНИ СО ОМИКРОН: Еден има врска со ЖЕЛУДНИКОТ

Една студија на научници објавена во Journal of Microbiology, Immunology покажа дека стомачните проблеми се релативно чест ран симптом на вирусот, па гастро симптомите може да бидат знак дека лицето е заразено со омикрон, пишува „Вечерен лист“.

Од почетокот на пандемијата, Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги вклучи гадењето и повраќањето во листата на можни симптоми на Ковид-19. Но, лекарите сега предупредуваат дека овие два симптоми би можеле да бидат првите што ќе се појават кај пациенти инфицирани со варијантата омикрон.

„Кај делта сојот, симптомите на горните дишни патишта беа многу тешки и се појавуваа и на белите дробови. Пациентите би имале пневмонија, потешкотии со дишењето и завршувале на респиратор. Но кај омикронот, пациентите имаат поголема веројатност да имаат гастро проблеми и да имаат повеќе симптоми“ вели Бил Адмиер, главен медицински службеник на болницата во Алабама.

Истражувањето објавено во Journal of Microbiology, Immunology, and Infection покажа дека стомачните проблеми се релативно чест ран симптом на вирусот.

Студијата наведува дека гадење и повраќање се јавуваат и кај возрасни и кај деца и дека тоа може да се првичните симптоми на инфекцијата. Понатаму, гастро симптомите може да бидат и знак дека некое лице е заразено со омикрон, а дека не е само обична настинка.

Тим Спектор, професор по генетска епидемиологија на Кралскиот колеџ во Лондон, истакнува дека овие два гастроинтестинални симптоми се почести кај луѓето кои биле целосно вакцинирани или примиле бустер доза.