недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пакет со кадифено мече и жици: Поради добиена лажна бомба, евакуиран Парламентот на Холандија

Пакет со кадифено мече и жици: Поради добиена лажна бомба, евакуиран Парламентот на Холандија

Парламентот на Холандија денеска беше евакуиран по добиена лажна бомба.

По еден час, откако беа извршени проверки полицијата дозволи враќање во зградата.

Лидерот на Партијата на слободата и пратеник, Герт Вилдерс изјави дека лажната бомба била наменета за него и дека тоа е причината за евакуацијата.

– Пакет со кадифено мече и жици беше доставен во мојата канцеларија во Парламентот. За среќа немаше експлозив и не беше опасно, но не беше ниту забавно, напиша Вилдерс на Твитер.

Вилдерс е најпознат по неговите критики кон исламот и со години живее под строги безбедносни мерки бидејќи добива смртни закани. (МИА)