петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандемијата во Германија се очекува да заврши до следната пролет

Пандемијата во Германија се очекува да заврши до следната пролет

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан очекува до следната пролет да се постигне имунитетот на стадо против коронавирусот и со тоа да се стави крај на пандемијата во Германија.

-Доколку не се појави нова варијанта на вирусот, против која вакцинацијата не штити, што е многу малку веројатно, тогаш пандемијата ќе ја надминеме на пролет и ќе можеме да се вратиме во нормала, рече министерот за „Аугсбургер Алгемајне“.

Имунитетот на стадото секогаш се постигнува, единственото прашање е дали преку вакцинација или инфекција.

-Вакцинацијата е дефинитивно најсигурниот начин да се стигне дотаму, рече Шпан.

Од 11 октомври, оние што сакаат да направат брз тест за коронавирус, ќе треба сами да платат за тоа. Обично тестовите се бесплатни за луѓето кои не можат да се вакцинираат, вклучително и децата под 12-годишна возраст. Постојат исклучоци за младите луѓе на возраст од 12 до 17 години и бремените жени. До 31 декември тие ќе може да се тестираат бесплатно најмалку еднаш неделно. Причината е што општата препорака за вакцинација од Постојаниот комитет за вакцинација (Стико) дури од скоро е достапна – така што треба да има повеќе време за вакцинација.

Според регулативата, децата кои се уште не наполниле 12 години или кои наполниле 12 години во последните три месеци пред тестот, обично можат да продолжат да се тестираат бесплатно. Тестовите остануваат бесплатни, меѓу другото, и за луѓето на кои им е потребен тест за да го прекинат карантинот поради инфекција со коронавирусот.