понеделник, 8. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ПАНИКА ВО ИТАЛИЈА: Мутиран сој на „Делта“ потврден во 18 региони

ПАНИКА ВО ИТАЛИЈА: Мутиран сој на „Делта“ потврден во 18 региони

Состојбата во Италија со корона вирусот повторно е алармантна.Само два дена по одлуката дека не мора да носат маски на отворени и преминувањето на Италија во т.н. „бела зона“ со мал број на заразени од корона на 100.000 жители, веќе стигна аларм поради индискиот „Делта“ сој на вирусот кој во одредени региони се шири со голема брзина.

Од 20 региони, во само два нема заболени со мутираниот сој кој шири паника меѓу населението. Вирусот се пренесува од лице на лице со голема брзина и во состојба е да ја „пробие“ првата доза на вакцината, па се апелира до населението задолжително да ја прими и втората доза од вакцината.

Во Венето, засега најпогодениот регион, идентификувани се 83 случаи на заразени со новиот сој на корона вирусот, 55 од нив се на возраст од 18 до 50 години, а во најризична позиција се невакцинираните и оние кои ја примиле само првата доза од вакцината. Посебно е алармантна ситуација во Неапол каде во еден ден, од 35 земени примероци, 22 се позитивни, а кај 11 е потврден Делта сојот.