Папата Франциск денеска апелираше за завршување на војната во Украина, истакнувајќи оти судирот има последици врз децата.
– Никогаш војна! Прво помислете на децата, на оние кои се лишени од надежта за достоинствен живот: мртви или повредени деца, сирачиња, деца кои си играат со остатоците од војната. Во името на Бога, престанете, напиша поглаварот на Римокатоличката црква на Твитер.
Украинските власти и Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации тврдат дека од почетокот на руската воена интервенција врз Украина загинале десетици деца.