Папата Франциск одлучи да го прескокне читањето на планираниот говор на конференција денеска, објаснувајќи дека сè уште има проблеми со дишењето по неодамнешната операција на абдоменот.
„Се уште сум под влијание на анестезијата, не дишам добро“, рече папата Франциск на состанокот на Источната католичка црква и порача дека делегатите ќе го добијат текстот од неговиот говор.
„Сè уште сум жив“, одговорил 86-годишниот папа на прашањето како се чувствува.
На 7 јуни, на папата му беше извршена операција на абдоменот и девет дена се опоравуваше во болница.
Тој имаше напорен распоред откако се врати во Ватикан минатиот петок, вклучително и средби со претседателите на Куба и Бразил.
На распоредот за денеска имал дури осум настани.