Папата Франциск изрази сочувство поради загубата на животи и уништувањата предизвикани од шумските пожари на Хаваите.
„Папата Франциск е длабоко ожалостен од сознанието за загубата на животи и уништувањата предизвикани од шумските пожари на хавајскиот остров Мауи“, се вели во телеграмата на државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин испратена до апостолскиот нунциј во САД, надбискупот Кристоф Пјер, пренесува Ватикан Њуз.
Папата, исто така, ја изрази својата „солидарност со сите кои страдаат од оваа трагедија, особено на тие чии најблиски починаа или се исчезнати“.