вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Папата Франциск кон крајот на април ќе ја посети Унгарија

Папата Франциск кон крајот на април ќе ја посети Унгарија

Папата Франциск од 28 до 30 април ќе престојува во официјална посета на Унгарија, соопшти денеска Ватикан.

Сите три дена папата ќе ги помине во главниот град Будимпешта, според програмата објавена од Ватикан, пренесе Ројтерс.

Тој ќе се сретне со политички лидери, дипломати, свештеници и монахињи, интелектуалци, сиромашни и бегалци.

Папата Франциск (86) на 30 април ќе одржи миса на отворено на плоштадот „Лајош Кошут“.