среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Папата Франциск по повод Светскиот ден на мигрантите: Неопходно е да се зачува човечкото достоинство, а не личната благосостојба

Папата Франциск по повод Светскиот ден на мигрантите: Неопходно е да се зачува човечкото достоинство, а не личната благосостојба

Зачувувањето на човечкото достоинство, наместо на личната благосостојба, мора да биде главен критериум за добредојде, заштита и интегрирање на мигрантите и бегалците, порача денеска папата Франциск на Светскиот ден на мигрантите и бегалците.

„Ајде нека не трогне приказната за толку многу наши браќа и сестри кои се соочуваат со тешкотии, кои имаат право да емигрираат или да не емигрираат и да не се затвораме во рамнодушност, рече папата Франциск на платформата Икс (Твитер), објавија италијанските медиуми.

Тој рече дека главен критериум не може да биде зачувување на личната благосостојба, туку зачувување на човечкото достоинство.

Римокатоличката црква го прославува Светскиот ден на мигрантите и бегалците секоја година во последната недела од септември.