Папата Франциск денеска пристигна во посета на југоисточниот француски пристанишен град Марсеј.
Француските медиуми јавија дека дводневната посета на поглаварот на Римокатоличката црква на Марсеј ќе биде посветена на прашањето за миграцијата и ситуацијата во регионот на Медитеранот во целина.
Папата Франсиск (86) на аеродромот во Марсеј, вториот по големина град во Франција, го пречека премиерката Елизабет Борн.
Тој утре ќе се сретне со претседателот Емануел Макрон и ќе отслужи миса на стадионот „Велодром“.