Папата Франциск ги повика денеска свештениците да избегнуваат да ги подгреваат поделбите во Црквата и секогаш да се стремат кон хармонија доколку сакаат да ги вратат верниците.
Тој им се заблагодари на свештениците за доброто што го прават, а кое толку често останува непризнаено, апелирајќи до нив да се повикуваат на Духот не само како „повремен чин на побожност“, туку како „здив на секој ден“, кој, дури и во време на криза, им дава радост и ги упатува во вистинската насока, кон Христос, пренесува „Ватикан њуз“.
„Многу пати ние свештениците сме груби. Можеме да се задоволиме со просечноста и мрачната рутина, во која може да се појават три опасни искушенија: искушението за компромис, каде што сме задоволни само да го правиме она што треба да го направиме; искушението на сурогат, каде за да најдеме задоволство, не го бараме нашето помазание, туку некаде на друго место; и трето, искушението на обесхрабрување, кое е највообичаено, каде што незадоволството води кон инерција“, рече папата во проповедта на Велики четврток, со кој започнуваат деновите на Света Троица.
На тој ден, Католичката црква се сеќава на Тајната вечера, на која Исус Христос, во предвечерието на страдањата и смртта, ја востанови Евхаристијата и Светата тајна на свештенството.
Тој рече дека луѓето кои бараат духовен мир и спокојство и натаму ќе бидат подалеку од Црквата доколку видат дека ја карактеризира внатрешно неединство, покажување со прст и ладно осудување.
Папата ги повика свештениците да го оправдаат својот повик како миротворци и служители на милосрдието. Тој, заедно со десетици кардинали и епископи и
околу 1800 свештеници, собрани во најголемата црква на христијанскиот свет
ги обновиле заветите што ги дале на денот на ракополагањето.
Тој ги повика да не живеат „двоен живот“ и да не претвораат во Црква
на бирократи кои бараат унапредување со поволности и привилегии.