Претседателот Перу, Педро Пабло Кучински поднесе оставка во Конгресот каде денеска ќе се гласа за процедура за негово отповикување.
– Заради доброто на државата поднесувам оставка на функцијата претседател на републиката, нагласи Кучински истовремено негирајќи обвинувања за купување гласови што ја ослаби неговата влада.
Кучински (79) во телевизиско обраќање вети дека транзицијата на власта ќе помине во согласност со Уставот и негираше обвинувања на опозицијата дека е корумпиран.
Не е познато дали Конгресот што го контролира перуанската опозиција ќе ја прифати неговата оставка или како што претходно најавено, денеска да се гласа за негов импичмент со образложение дека е „морално неподобен“ да ја води државата.