петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петмина млади Германци осудени за силување на неколку ученички

Петмина млади Германци осудени за силување на неколку ученички

Петмина млади Германци денеска се осудени на различни казни затвор за силување на неколку ученички во индустриската област Рур.

Регионалниот суд во западниот град Есен ги осуди обвинетите, кои се на возраст од 17 до 24 години, на затвор од три години и 9 месеца до 6 години и 3 месеци.

Судот утврди дека од почетокот на 2016 година групата, чии членови употребувале чет група за да се договараат, примамувале девојчиња во автомобил и ги силувале на далечни локации.

Најмладата од шесте жртви имала 16 години во моментот кога било извршено злосторството.