сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пикот на коронавирусот во САД можно е да биде оваа седмица

Пикот на коронавирусот во САД можно е да биде оваа седмица

Пикот на кризата со новиот коронавирус во САД би можел да се случи оваа недела. Тоа го нагласи денеска водечки експерт за здравство, укажувајќи на знаци на стабилизација низ целата земја.

– Ние се приближуваме до пикот на кризата во моментов. Вие ќе знаете дека сме во пикот кога ќе има помалку случаи следниот ден од претходниот, рече Роберт Редфилд, директор на Центарот за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).

Во САД, најтешко погодената земја со Ковид-19 има заразени речиси 558.000 луѓе и повеќе од 22.000 смртни случаи, при што 2.000 луѓе умираа во последните четири дена, особено во Њујорк и околината. Тој одби да објави за временската рамка поврзана за покренување на економските активности и истакна дека социјалното дистанцирање ја спречило стапката на смртност.