понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почна гласањето на предвремените парламентарните избори во Ирак

Почна гласањето на предвремените парламентарните избори во Ирак

Припадниците на безбедносните сили, затворениците и хоспитализираните пациенти имаат можност денеска да го дадат својот глас, пред одржувањето в сабота на парламентарните избори во Ирак.

Независното тело кое ги надгледува изборите соопшти дека очекува во текот на денот да гласаат илјадници лица.

Во трка за 329 места во Парламентот се околу 7.000 кандидати, а медиумите оценуваат дека ниту една партија нема самостојно да освои мнозинство.

Овие избори се први откако Ирак прогласи победа над Исламска држава и четврти од кога коалицијата предводена од САД го симна од власт Садам Хусеин.

Инаку, Ирак соопшти дека од безбедносни причини, во текот на изборниот ден на 24 часа ќе ги затвори сите гранични премини и аеродроми.

(Миа)