Според податоците на израелското Министерство за здравство, иако ризикот од појава на тешки симптоми се зголемува со возраста и за вакцинираните и за невакцинираните, тој се зголемува многу подраматично кај невакцинираните.
Околу 5,8 милиони Израелци досега примиле барем една доза вакцината против коронавирус. Исто така, 422 326 добиле и трета доза како дел од новата кампања за да се даде „засилувач“ за повозрасни и други ранливи лица.
Невакцинираните повозрасни лица имаат над пет пати поголема веројатност да доживеат тежок случај на ковид-19 отколку оние кои се вакцинирани, покажуваат податоците кои ги објави израелското Министерство за здравство.
И покрај неодамнешното зголемување на бројот на посериозни случаи на зараза во Израел, вклучително и кај целосно вакцинираните, односно што ги примиле двете дози на вакцината против ковид-19, тие имаат значително помали шанси да доживеат тешка болест, пишува весникот Хаарец.
Од 8 август, Министерството регистрираше 85 тешки случаи на ковид-19 на 100 000 луѓе меѓу невакцинираните лица постари од 60 години, наспроти 16 на 100 000 луѓе меѓу целосно вакцинираните. Ова значи дека повозрасните невакцинирани лица имаат пет пати поголема веројатност да доживеат тежок случај за разлика од оние на иста возраст, но кои се вакцинирани.
За оние на возраст под 60 години, стапката на тешки заболувања кај невакцинираните изнесува 1,4 случаи на 100 000 луѓе, што е 2,8 пати повеќе од 0,5 на 100 000 кај оние кои примиле две дози од вакцината.
Според податоците, иако ризикот од појава на тешки симптоми се зголемува со возраста и за вакцинираните и за невакцинираните, тој се зголемува многу подраматично кај невакцинираните.
За оние на возраст меѓу 60 и 69 години, има 43,4 случаи на 100 000 меѓу невакцинираните, наспроти само 6,5 кај целосно вакцинирани. Ова се зголемува на 65 односно 16 случаи,за оние на возраст од 70-79 години и на 227,8 односно 33,1 за оние на возраст од 80-89 години.
Професорот Ран Баличер, претседател на израелската експертска комисија за ковид-19 за Хаарец вели дека „нема сомнение“ дека невакцинираните се изложени на поголем ризик да развијат тешка болест од ковид-19.
„Ова можете да го видите во наједноставните графикони објавени од Министерството за здравство. Кога ќе ги погледнете Израелците над 60 -годишна возраст и ќе ги испитате стапките на тешки заболувања – не бројки, стапки, што значи број на заболувања по одреден број на население – тогаш она што го гледате е дека меѓу оние кои се невакцинирани, постои значително повисока стапка на тешки заболувања отколку кај вакцинираните “, објаснува тој.
Што влијае на слабеењето на ефикасноста на вакцините?
Иако ефикасноста на вакцината против ковид-19 може да се намали донекаде во текот неколку месеци, оние што се вакцинирани се заштитени пет до десет пати повеќе од оние кои не се во можност или не сакаат да примат вакцина, смета професор Надав Давидович, директор на Факултетот за јавно здравје при Универзитетот Бен-Гурион, Беер Шева и шеф на израелската асоцијација на лекари за јавно здравје.
Она што може да влијае на веројатноста некој да се зарази со тежок случај на ковид-19 се должината на периодот од вакцинацијата, како и возраста на пациентот.
„Оние кои беа вакцинирани во јануари се нешто помалку заштитени во споредба со оние што се вакцинирани, на пример, во март“, објаснува Давидович, додавајќи дека е можно поинфективната варијанта на делта, исто така, да има влијание врз инциденцата на сериозни случаи.
Израел забележа пад на нови случаи на коронавирус во саботата, при што податоците на Министерството за здравство во неделата прикажаа 2 886 нови случаи.
Бројката на сериозните случаи се зголеми на 348 во саботата, или 19 повеќе од претходниот ден.
Околу 5,8 милиони Израелци досега примиле барем една доза вакцината против коронавирус. Исто така, 422 326 добиле и трета доза како дел од новата кампања за да се даде „засилувач“ за повозрасни и други ранливи лица.
Израел регистрира шест илјади нови заразени за 24 часа – најмногу од почетокот на февруари
Министерството за здравство кон крајот на минатиот месец соопшти дека ефикасноста на вакцината против коронавирус „Фајзер-Бионтек“ во спречувањето на инфекцијата и појава на благи симптоми е намалена на 40 проценти, иако податоците може да бидат и неточни поради проблемите со малиот примерок.
Израел проценува дека е намалена ефикасноста на вакцината на „Фајзер“ против инфекции
Се тврди дека ефикасноста на вакцината во спречувањето хоспитализации и тешките симптоми изнесува 88 проценти, односно 91 проценти.
Во соопштението во понеделникот, владината прес -служба соопшти дека премиерот Нафтали Бенет и министерот за здравство Ницан Хоровиц имале разговор со извршните директори на четирите израелски национални организации за одржување на здравјето „со цел да се зголеми темпото на вакцинирање низ целата земја“.
За време на телевизискиот говор минатиот месец, Бенет ги обвини оние кои одбиваат да се вакцинираат за „загрозување на нивното здравје, нивната околина и сите израелски граѓани“.
Израелскиот премиер до младите: Или вакцини или рестрикции
Целта на вакцината беше повеќе да спречи пренесување отколку обезбедување „заштита од смртност и тешки болести“, иако таквата заштита е „добредојден исход“, вели професорот Хагај Левин, епидемиолог на Хебрејскиот универзитет.
„Иако сега се чини дека има ‘четири или пет пати помала инциденца’ на тешки случаи меѓу вакцинираните, поцелосното испитување на податоците, корекцијата на возраста и постоечките состојби, може да открие дека вакцината ‘е уште поефикасна’ отколку што се гледа од овој графикон“,
вели тој.