вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полиција: Нападот во Виена не е поврзан со тероризам

Полиција: Нападот во Виена не е поврзан со тероризам

Нема опасност од терористички напад во центарот на Виена, соопшти полицијата, додавајќи дека инцидентот кој се случи во близина на ресторан е од криминална природа.

– Нема никакви конкретни податоци за терористички акт, се наведува во полициското соопштение.

Органите на редот оценуваат дека најверојатно станува збор за нарачано убиство.

Според првичните информации, кон ресторанот „Фигелмулер“ во центарот на австрискиот главен град денеска биле истрелани пет куршуми, при што две лица биле повредени, а едниот од нив подоцна починал. Полицијата е во потрага по напаѓачот.