понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата со апел: Доколку забележите ваков покрив, веднаш повикајте нè (ФОТО)

Полицијата со апел: Доколку забележите ваков покрив, веднаш повикајте нè (ФОТО)

Иако Британците се шокирани од студениот бран кој го нарекоа “ѕверот од истокот“, кој ја парализираше оваа земја, полицијата дури сега ќе има полни раце работа.

Поради топлината која ја емитуваат УВ ламбите кои се потребни за одгледување на марихуана, покривите на одредени куќи остануваат без снег што во моментов ги издава одгледувачите.

Овој метод и претходно е користен во Холандија каде полиција уапсила неколку криминални групи кои од становите и куќите направиле мини-фабрики.

Сега и полицијата од Кингсбриџ поставила објава на Фејсбук во која од локалните жители бара да им се јават доколку забележат покрив без снег.

„Доколку имаме доволно среќа во наредните денови ќе падне уште снег и ако некој забележи покрив како овој, нека ни се јави“ – пишува во објавата.