понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полска: Спасени двајца рудари, петмина остануваат под земја

Полска: Спасени двајца рудари, петмина остануваат под земја

Двајца од седумте рудари кои беа отсечени во јагленокоп во јужна Полска, се спасени, соопшти компанијата. Уште пет лица остануваат внатре во јагленокопот.

Несреќат во рудникот Јастржебје, близу до границата со Чешка, се случи денеска околу пладне, кога, според раководството на рудникот, дошло до силен земјотрес. Четворица рудари веднаш успеаел да го напуштат окното, а седуммина останале блокирани. Рударите се наоѓале на длабочина од 900 метри кога се случил потресот. Спасувачките екипи се обидуваат да се пробијат до рударите преку нов тунел.

МИА