недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Помпео во карантин по средба со заразено лице

Помпео во карантин по средба со заразено лице

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, имал контакт со лице со позитивен тест за коронавирус и затоа оди во карантин, јави денеска портпарол на Стејт департментот.

-Беше утврдено дека Помпео бил во контакт со некој кој се тестирал позитивно на Ковид. Поради лични причини, нема да го идентификуваме лицето. Државниот секретар направи тест и тој е негативен. Според препораките на ЦДЦ (државниот Центар за превенција на заболувањата), тој оди во карантин, изјавија од Стејт департментот.

Се додава дека Помпео е постојано прегледуван од медицинскиот тим на департментот. (МИА)