понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Помпео за насилството на границата на Појасот Газа: Израел има право да се брани

Помпео за насилството на границата на Појасот Газа: Израел има право да се брани

Државниот секретар на САД Мајк Помпео ги повика денеска Палестинците и Израелците да го обноват политичкиот ангажман, а за неодамнешното насилство во Појасот Газа рече оти верува дека Израел има право да се брани.

Помпео тоа го порача на заедничката прес- конференцијата со министерот за надворешни работи на Јордан Ајман Сафади.

Шефот на Стејт департментот наведе дека САД „совршено се согласуваат“ со Јордан по прашањето за Сирија, вклучувајќи и зачувување на „зоната на деескалација“ на југот на таа земја.

МИА