Во шпанската покраина Каталонија од денеска во следните 14 дена ќе бидат затворени сите барови и ресторани, а се воведуваат и ограничувања за продавниците и парковите со цел да се запре ширењето на новиот коронавирус.
На рестораните ќе им биде дозволено да служат храна за носење и достава.
Шпанија со приближно 900.000 регистрирани случаи и над 33.000 починати луѓе стана жариште на пандемијата во Западна Европа.
Мадрид и девет околни градови уште од минатата неделасе под делумна блокада.