Локалните власти во Мадрид објавија дека вакцинацијата против коронавирусот е прекината во текот на оваа и следната недела поради недостиг на вакцини.
Властите ја прекинаа вакцинацијата за новите приматели на прва доза.
Досега во главниот град на Шпанија се вакцинирани околу 180.000 лица, а повеќе од 1,3 милиони граѓани во целата држава. (МИА)