Поранешниот американски министер за одбрана Џим Матис им се придружи на апелите на бројни американски официјални претставници во врска со влошување на епидемијата на коронавирусот во САД и ги повика Американците да носат маски затоа што „вирусот нема да исчезне сам од себе“, јави Си-Ен-Ен.
Матис се појави во видеото што го сними за своите сограѓани и ги замоли да се придржуваат кон превентивните мерки, а особено да носат заштитни маски затоа што „вирусот е постојан и нема да исчезне сам“.
Поранешниот министер за одбрана на САД, Џим Матис, го постави своето обраќање до своите сограѓани на каналот Јутјуб. (МИА)