Бројот на пријави за семејно насилство во Лондон се зголемил за една третина во последните шест недели, соопшти управата на лондонската полиција и упати апел до жртвите да пријават насилство со ветување дека нема да бидат казнети поради кршење на мерките за социјално дистанцирање и ограничување на движењето.
Веќе пет недели во Велика Британија во сила се вонредни мерки поради епидемијата на коронавирусот, продавниците се затворени, а на граѓаните им е наредено да останат дома.
Сепак, управата на лондонската полиција соопшти дека потенцијалните жртви на семејно насилство за време на вонредната состојба се уште поранливи и повеќе изложени на насилниците.
Секој ден лондонската полиција апси околу 100 лица поради вакви дела и им порачува на граѓаните дека никој не мора молчи за насилство или да трпи насилници.