недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Португалскиот претседател Де Соуза позитивен на коронавирусот

Португалскиот претседател Де Соуза позитивен на коронавирусот

Лисабон, 12 јануари 201 (МИА) – Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуза, е позитивен на коронавирусот, но засега не покажува никакви симптоми, соопшти денеска неговиот кабинет.

Британските медиуми пренесуваат дека тој од минатата недела се наоѓа во карантин, откако имал контакт со член на неговиот кабинет кој бил заразен со вирусот.

Де Соуза (72) го бара вториот мандат на претседателските избори, закажани за 24 јануари.