четврток, 11. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Повик: Меѓународната заедница да помогне во борбата против Ковид- 19

Повик: Меѓународната заедница да помогне во борбата против Ковид- 19

Кина ги повика сите држави да се приклучат кон напорите во борбата против новиот коронавирус, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ли.

-Коронавирусот преминува граници, затоа се неопходни обединети напори на меѓународната заедница. Во оваа борба за јавно здравје најважно е меѓусебното разбирање, довербата и поддршката без оглед на границите, рече Ванг по средбата со германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас во Минхен.

Досега од Ковид-19 починале 1.383 лица, а 64.435 се заразени низ целиот свет.