Британската кралица Елизабета Втора (95) извршува „полесни должности“ во замокот Виндзор во Лондон, иако е позитивна на ковид, објавија денеска кралските власти.
Бакингемската палата потврди дека кралицата во неделата развила благи симптоми на коронавирусот слични на настинка.
Полесните обврски вклучуваат, меѓу другото, читање британски весници во добар дел од денот.
– Ситуацијата во Виндзор е претпазлива, но нема голема причина за паника, изјави портпаролката на Би-Би-Си за ситуацијата во кралското семејство, Даниела Релф.
Таа додаде дека впечатокот е дека оваа недела ќе биде „деловно вообичаена, колку е тоа возможно за кралицата“.