среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Премиерот на Шпанија позитивен на коронавирус по враќањето од Генералното собрание на ОН

Премиерот на Шпанија позитивен на коронавирус по враќањето од Генералното собрание на ОН

Шпанскиот премиер Педро Санчез е позитивен на коронавирусот и ги откажа настаните од неговата програма.

Ова се случи два дена откако Санчез се врати од Њујорк, каде заедно со шефовите на држави и влади на многу други земји учествуваше на 77-та годишна сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

– Утрово имав позитивен тест за Ковид-19, напиша шпанскиот премиер на Твитер. Тој најави дека нема да присуствува на настан во близина на Барселона организиран од каталонските социјалисти.

– Ќе продолжам да работам и ќе преземам екстремни мерки на претпазливост, додаде Санчез.

Тој не прецизираше како се чувствува и колку време нема да присуствува на состаноци.