недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжен карантинот на Нов Зеланд

Продолжен карантинот на Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден го продолжи карантинот во цела земја откако се зголеми бројот на заболени од Ковид-19.

Жителите живееја без рестриктивни мерки, додека Арден не беше приморана поради новозаболените да воведе тридневен локдаун во земјата со еднонеделно затворање на Окленд.

Карантинот е продолжен до полноќ до 24 август.

-Се уште немаме полна слика за новиот делта сој, изјавил премиерката.

На Нов Зеланд досега ревакцинирани се 19 проценти од популацијата која брои 5,1 милион жители.