Професорката по историја на факултетот во Буенос Аирес Паола Де Симоне, болна од Ковид-19, почина во својот дом за време на онлајн настава.
Нејзините студенти побарале да им ја каже адресата за да можат да повикаат Брза помош откако се пожалила дека има проблеми со дишењето, но таа изустила само „не можам“ и паднала на подот во својата куќа, јави „Вашингтон Пост“.
Неколку часа подоцна нејзиниот безживотно тело го пронашол сопругот, кој воедно е лекар.
Де Симоне на социјалните мрежи секојдневно објавувала за битката која брачната двојка ја водела со коронавирусот.
-Многу е компликувано. Повеќе од четири седмици сум позитивна на вирусот, а симптомите не проаѓаат. Поради целата ситуација сопругот е многу исцрпен, напишала професорката пред неколку дена.
Една од студентките изјави дека часот почнал со изјавата на професорката дека има воспаление на белите дробови.
-Видовме дека е во полоша состојба од претходно. Во еден момент не можеше да продолжи, ниту да зборува. Беше страшно, изјави студентката.
Веста за смртта на 46-годишната професорка ја погоди цела Аргентина, а коментарите се дека треба да служи како предупредување до целиот свет дека коронавирусот навистина постои. (МИА)