Посетители на Дизни парк во кинескиот град Шангај останаа заробени внатре, откако неговите управители и властите воведоа вонредно затворање поради коронавирусот.
На социјалните мрежи се појавија видеа каде луѓе брзаат кон заклучените врати на забавниот парк, наводно, во обид да побегнат од карантинот.
Во моментот на затворањето, во паркот имало околу 60.000 лица.
Тамошната Влада објави дека на сите луѓе им е забранет влез и излез од паркот. Оние кои останаа заробени внатре, мора да се тестираат и да покажат негативен резултат, доколку сакаат да го напуштат паркот.
Слично сценарио имаше и во ноември минатата година, кога над 30.000 посетители останаа заробени во паркот, штом властите наредија задолжително тестирање.