недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прв случај на Ковид-19 во Тунис

Прв случај на Ковид-19 во Тунис

Во Тунис денеска е потврден првиот случај на новиот коронавирус, соопшти министерот за здравство Абделатиф ал-Маки.

Низ цела Африка се преземаат чекори за да се спречи ширењето на новиот коронавирус. Лабораториите се снабдени со потребните медицински материјали, а болниците се подготвени за пациенти кои би требало да бидат во карантин, јавија локалните медиуми.

На континентот со 1,2 милијарди луѓе, досега се потврдени шест случаи на Ковид-19 од кои три во Алжир, два во Египет и еден во Нигерија.

Светската здравствена организација соопшти дека 13 од 54 африкански земји се потенцијално ризични за ширење на вирусот врз основа на обемот на патниот сообраќај и слабиот медицински надзор.