Виетнам го пријави првиот случај на локално пренесување на новиот коронавирус после 100 дена.
Станува збор за маж во централниот град Дананг, кој четирипати бил тестиран за коронавирусот, покажуваат владините податоци.
Благодарение на строгите мерки за карантин и агресивното и екстензивно тестирање, Виетнам имаше само 415 случаи на коронавирус.