Првата фаза на клинички испитувања на кинеска експериментална вакцина против коронавирус, развиена од Институтот за медицинска биологија при Кинеската академија за медицински науки, ја потврди нејзината безбедност.
Првата фаза на клинички испитувања на кинеската експериментална вакцина вклучува 191 доброволец, на возраст меѓу 18 и 59 години.
Не биле забележани сериозни несакани ефекти, наведоа авторите на истражувањето во студијата објавена на medRxiv пред рецензија..
Најчестите несакани реакции пријавени од доброволци биле мала болка и слаб замор, како и црвенило, чешање и оток на местото на инјектирање.
.Вакцината предизвикала имунолошки одговор кај доброволците во истражувањето, а авторите на студијата наведуваат дека сите податоци од оваа фаза покажуваат дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека треба да се продолжи со понатамошно тестирање.
Стотици илјади работници од суштинските дејности досега се вакцинирани во Кина, како и членови на групи за кои се смета дека се многу изложени на ризик од Ковид-19, иако клиничките испитувања сè уште не се завршени, што предизвикува загриженост кај експертите.
Кина во моментов има најмалку четири експериментални вакцини кои се во завршна фаза на клинички испитувања. (МИА)