Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека првите вакцини против Ковид-19 пристигнале во државата и уште денеска може да бидат аплициртани првите дози.
Премиерот Трудо објави на Твитер фотографија од истовар на пакети со вакцини.
Канадскиот здравствен регулатор минатата среда ја одобри заедничката вакцина на американскиот производител на лекови „Фајзер“ и германски „БиоНТек“.
Вакцините се наменети за 14 пунктови за дистрибуција во земјата. Квебек се очекува да биде првата провинција каде ќе се аплицира вакцината. Локалната власт објави дека е подготвена денеска да почне со имунизација на жителите на два социјални домови.
Повеќето од првичните 30.000 дози на вакцините наменети за Канада се очекува да пристигнат денеска. Канадската влада неодамна го измени договорот со Фајзер/БиоНТек за да испорача до 249.000 дози овој месец.