недела, 7. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Првпат во последните 200 години: Француските ученици нема да полагаат матура

Првпат во последните 200 години: Француските ученици нема да полагаат матура

Француските ученици годинава нема да полагаат матурски испит поради пандемијата на коронавирус, што е првпат од воведувањето на таква проверка на знаењето.

Францускиот министерот за образование, Жан-Мишел Бланкер, најави дека се откажува Бакалореа, односно завршниот матурски испит..

Учениците од последна година во средно училиште ќе можат да добијат диплома заснована на оценки од пред и евентуално по затворањето на училиштата поради коронавирусот.

Околу 740.000 ученици во Франција требаше да полагаат матура оваа година.

Бланкер рече дека училиштата нема да бидат отворени пред мај, а може да биде подоцна.

Матурскиот испит во францускиот училишен систем беше воведен во 1808 година и е неопходен за прием на универзитети. (МИА)