Полицијата во Тексас во 11 часот по локално време добила дојава за пукање во близина на трговскиот центар Валмарт во градот Ел Пасо.
Најмалку едно лице е загинато , а 18 се повредени со прострелни рани . Полицијата е на терен. На снимките на социјалните мрежи се гледа како повеќе луѓе неподвижно лежат на паркингот пред трговскиот.
Полицијата уапсила три лица , а акцијата е во тек. Не се знае колку тешко се повредени застреланите 18 лица. Целото подрачје го надлетуваат хеликоптери.
Трговскиот се наоѓа на само неколку километри од мексиканската граница . На социјалните мрежи има информации за поголем број загинати и дека напаѓачот почнал со калашникови да пука кон луѓето на паркингот пред трговскиот.
Полцијата соопшти декаима повеќе напаѓачи и го предупреди населението да остане во домовите.