Високиот претставник на Светската здравствена организација, Мајк Рајан, предупреди дека вакцините нема да пристигнат на време за да се победи вториот бран на пандемијата со Ковид-19.
Рајан наглкаси дека вакцините не треба да се гледаат како волшебно решение и дека државите што се борат со повторното ширење на вирусот, повторно ќе мораат сами да ја водат таа битка.
– Мислам дека ќе поминат најмалку четири до шест месеци пред да имаме значително ниво на вакцинација каде било, изјави тој.
И покрај ветувачките најави за развој на потенцијални вакцини, Рајан вели дека тие се уште не постојат.
– Многу земји минуваат низ овој бран и ќе поминат низ тој бран без вакцини, додаде Рајан.