Тестовите покажаа дека уште 60 луѓе на крузерот „Дајмонд Принцес“ закотвен во Јокохама, се позитивни за коронавирус, соопшти јапонското Министерство за здравство.
Тоа значи дека бројот на случаи на коронавирус на бродот које претворен во карантин, се зголеми на 130, јавија локалните медиуми повикувајќи се на извор од јапонското Министерство за здравство.
Прес службата на Министерството не соопшти такви информации.
Крузерот е во двонеделен карантин во пристаништето Јокохама, откако кај еден патник што се симнал од бродот во Хонг Конг му бил дијагностициран вирусот.
На бродот има околу 3.700 патници и членови на екипаж.