четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Разбиена група на нарко-дилери во Бразил, меѓу уапсените има лица од Балканот

Разбиена група на нарко-дилери во Бразил, меѓу уапсените има лица од Балканот

Во меѓународна акција спроведена како дел од оперативната работна група на Европол „Балкански картел“, во Бразил уапсени се 16 членови на организирана криминална група обвинета за шверц на кокаин, меѓу кои има и еден српски државјанин за кој постои сомневање дека е водач на таа група, јавија српските медиуми

Министерството за внатрешни работи на Србија, заедно со други колеги од Европа и Јужна и Северна Америка, преку размена на оперативни податоци придонесе за разбивање на оваа организирана криминална група, која шверцувала кокаин од Бразил во Европа.

Според информациите, по една и пол година заедничка напорна работа, на 5 октомври полицијата од двете страни на Атлантскиот Океан извршила претрес на повеќе локации и уапсила 16 лица, од кои некои се осомничени дека се поврзани со криминалната организација „Примеиро Командо ди Капитал“, каде како што наведуваат медиумите во моментов еден српски државјанин е уапсен под сомнение дека тој е организатор на оваа криминална група која организирала бројни пратки на наркотици меѓу двата континента.

Постојат основи за сомневање дека разбиената организирана криминална група била поврзана со заплените на кокаин во април и август 2022 година, кога во Зеленортските Острови беа запленети 5,7 тони кокаин и во Бразил уште 1,3 тони кокаин.

Разбивањето на оваа организирана криминална група е еден од низата успеси во заедничката меѓународна борба против „Балканскиот картел“, а српската полиција со доставување оперативни податоци уште еднаш потврди дека е доверлив и посветен меѓународен партнер во борбата против организиран криминал, пренесуваат регионалните медиуми.