понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Речиси 4.000 новозаразени за еден ден во Британија, најмногу од мај

Речиси 4.000 новозаразени за еден ден во Британија, најмногу од мај

Велика Британија регистрираше речиси 4.000 новопотврдени случаи на инфекција со коронавирусот, најмногу во еден ден од мај, и поради тоа расте загриженоста дека земјата е на раб на второт бран на епидемијата.

Во претходните 24 часа беа регистрирани нови 3.991 заразено лице, значително повеќе од 3.105 претходниот ден. Бројот на новоинфицирани лица објавен синоќа е повеќе од двојно поголем од оној пред неколку недели.

Властите неодамна забранија собири на повеќе од шест лица, и во затворени простории и на отворено.

Досега починаа 41.684 лица како резултат на инфекцијата во Велика Британија. Според тој критериум, Велика Британија е прва во Европа и петта во светот.