Првиот случај на омикрон варијанта на коронавирус е откриен во Нов Зеланд.
Како што објасни шефот на здравствената служба на таа земја, Ешли Блумфилд, станува збор за лице кое со авион пристигнало од Германија преку Дубаи и слетало во Окленд.
Заразеното лице моментално се наоѓа во изолациона установа во градот Крајстчерч, пренесува Гардијан.
Блумфилд рече дека сите патници од тој лет биле префрлени во Крајстчерч со домашен чартер лет, во согласност со сите вообичаени протоколи.
Тие се третираат како блиски контакти на лице заразено со омикрон варијанта и се наоѓаат на истиот кат во изолационен објект.