сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рекорден број новозаразени во САД

Рекорден број новозаразени во САД

Дневниот број на новозаболени од коронавирусот во САД достигна рекордни 228.000, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

Со ова е урнат рекордот од четвртокот, кога беа регистрирани 217.000 нови случаи.

Од последниот пресек починале 2.607 луѓе.

Седумдневниот просечен број на смртни случаи во САД за првпат надмина 2.000 и изнесува 2.011, додека пред две недели беше 1.448.

Од почетокот на епидемијата, во САД со коронавирусот се заразиле повеќе од 14,5 милиони луѓе, а повеќе од 279.000 починале. (МИА)